Свет

(Видео) Кирил Петков снимен како ја допира Лена Бориславова по задникот? 

Откако партијата на Слави Трифонов ја напушти кревката владина коалција во Бугарија и во ситуација кога се тресе премиерското столче на Кирил Петков, во бугарските медиуми објавено е видео на кое наводно се открива љубовна афера меѓу Петков и неговата шефица на кабинет, Лена Бориславова.

До редакцијата на ПИК.бг пристигнала свидеоснимка, на која две лица, кои многу личат на Петков и Бориславова се качуваат по скали на станбена зграда.

Жената оди прва и додека ја отклучува вратата од стан, мажот зад неа ја допира по задникот.

Премиерот на Бугарија е оженет со Канаѓанка и има три деца, а шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова е свршена за пријателот и сопартиец на Петков, Мирослав Иванов.

Бугарскиот информативен портал ПИК пишува дека врската меѓу Петков и Бориславова е многу подолга од нивните политички кариери. Тие започнале како бизнис-партнери уште додека таа била адвокат, а тој министер за економија.

Засега не е потврдена автентичноста на снимката.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons