Актуелно

Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси

„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени.

Тука би сакал уште еднаш да додадам дека Градот Скопје од Владата исто така треба да добие до Нова година камиони, цистерни и метларки за подобра хигиена. Тендерот тука е завршен, мислам и дека оние формални процеси со царина и слично се завршени. 

Таму некаде до крајот на август месец денеска разговарав со потпретседателот на Влада и министер за транспорт ќе можеме да направиме промоција и на таа опрема се разбира бидејќи таа опрема нема да добие само Скопје туку и уште неколку други поголеми општини низ државата, исто така сега е процесот на жалби. 

Очекувам и тој да заврши како процес и да се добијат новите автобуси електрични што исто така ќе ги добие Градот Скопје, но и другите општини низ државата, така што се интензивираат активностите, се работата проектите, се реализирано она коешто е ветено.

За жал, не можеме преку ноќ сето она коешто со децении е уништувано да го поправиме, но се разбира со фокусирана работа, со посветена работа гледате дека и тие работи што се невозможни стануваат реалност и стануваат возможни. 

Благодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата на Град Скопје, на колегите од Владата, на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, тука пред сè мислам на градоначалниците во Градот Скопје.

Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините, а јас сум убеден дека Орце онаков каков што е карактер, уште попосветено, иако и сега е максимално посветен, уште попосветено ќе продолжи да ги реализира проектите коишто наумил да ги реализира, а се приоритет на Скопје.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons