Македонија

Осум лица повредени во силното невреме во Скопје, 86-годишна жена во тешка состојба

Осум лица се згрижени во скопските болници поради повреди здобиени во силното невреме што попладнево го зафати главниот град, објави порталот „Прес24“.

Според првичните информации, четворица од повредените се примени во Ургентниот центар, додека дел од останатите се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им е укажана неопходната медицинска помош.

Меѓу повредените е и 86-годишна жена од Чаир, врз која паднало дрво. Таа со тешки повреди на главата била пренесена во Ургентниот центар. Уште едно лице, со расеченица на челото, самостојно побарало лекарска помош во болницата „8 Септември“.

Надлежните институции се очекува во текот на вечерта да соопштат повеќе информации за здравствената состојба на повредените.

Невремето, проследено со исклучително силен ветер и пороен дожд, предизвика голема материјална штета во повеќе скопски населби. Соборени се голем број дрвја, откорнати се покриви, а падна и големиот јарбол на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист гејт“. На Меѓународниот аеродром Скопје прокисна покривот, при што во делови од терминалната зграда се насобра вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons