Македонија

Јанушев: СДСМ и Оливер Спасовски континуирано три години ја загрозуваа безбедноста на граѓаните

СДСМ и Оливер Спасовски континуирано три години ја загрозуваа безбедноста на граѓаните. Власта наместо народот, ги штитеше криминалците, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во МВР сега се воспоставува ред и систем на одговорност. И тоа на СДСМ и Спасовски им пречи. Затоа што тие се навикнати да функционираат во криминална средина. Оливер Спасовски е првиот министер за внатрешни работи кој што направи коалиција со мафијата. Наместо сузбивање на криминалот негово единствено достигнување во министерството беше презентација на возило пред медиумите кое беше купено од претходната влада дека е изгребано од мачки. Задача на техничките министри ќе биде се што им било одземено на граѓаните како што е случајот со возилата од МВР. Државата и граѓаните се на прво место, вели Јанушев.

-Сценариото не им се остварува. Министрите од ВМРО-ДПМНЕ постојано се на терен помеѓу граѓаните, нивните тимови се во институциите и се работи на нормално функционирање на државата. Министрите од ВМРО-ДПМНЕ се сретнуваат со огромни злоупотреби кои ги правела власта во изминатиов период и тие скандали и афера ги гледаме секојдневно во медиумите. На безредието и криминалот кое СДСМ и Спасовски уште го штитат ќе му се стави крај на 12 април, а по 12 април ќе има одговорност за сите кои ги прекршиле или ќе ги прекршат законите во идниот период, вели Јанушев.

Тој додава дека СДСМ и Оливер Спасовски во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборен пораз.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons