Спорт

Кејн пред битката со Меси: „Тој е најдобриот фудбалер во последните 20 години“

На стадионот „Мерцедес“ во Атланта, пред повеќе од 70.000 гледачи, вечерва од 21:00 часот ќе се одигра еден од најголемите и најжешки дуели во репрезентативниот фудбал.

За место во финалето на Светското првенство ќе се борат Англија и Аргентина, две селекции чие ривалство со години не се однесува само на случувањата на теренот, туку има и поширока историја надвор од фудбалските рамки.

Главни ѕвезди на овие две репрезентации се Лионел Меси и Хари Кејн.

Иако Меси досега на турнирот постигна осум голови и повторно е во центарот на вниманието, капитенот на Англија смета дека би било голема грешка неговиот тим да се фокусира исклучиво на аргентинската суперѕвезда.

„Тој е еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер во светот во последните речиси 20 години. Сите знаат колку може да биде опасен. Но, ние играме против Аргентина, а не против Меси. Се соочуваме со одличен колектив, со фантастичен тим и многу квалитетни играчи. Колку и да се зборува за Меси и за големите ѕвезди, свесни сме дека ова е многу повеќе од тоа“, изјави Кејн.

Капитенот на Англија јасно стави до знаење дека „трите лава“ нема да бараат начин само да го запрат Меси, туку ќе мора да најдат решение за целата аргентинска селекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons