Зверев лавовски се бореше, но Синер е неверојатен – Италијанецот го освои Вимблдон
Јаник Синер и Александер Зверев одиграа фантастично финале на Вимблдон, италијанскиот тенисер победи со 3-1 (6-7, 7-6, 6-3 и 6-4) и го одбрани големиот торфеј.
Зверев кој на Вимблдон дојде по освоениот Ролан Гарос, одлично го почна мечот. Во првиот сет имаше голема борба, никој не загуби свој сервис, а слично беше и во тајбрејкот. Италијанецот загуби само еден мини брејк кој беше решавачки, Зверев го доби тајбрејкот со 9-7 и поведе со 1-0.
Никој не губеше свој сервис ниту во вториот сет, и тој отиде во тајбрејк, овојпат Синер беше подобар со 7-2 за изедначување на 1-1.
Во следните два сета Синер зема по еден брејк, ги освои со 6-3 и 6-4 и ја комплетираше победата од 3-1.
Мечот траеше речиси четири часа.
За Синер ова беше втор освоен Вимблдон, а вкупно петта грен слем титула.



