Милчо Манчевски се отвори: Синови на македонски функционери добија повеќе пари отколку јас за сите мои филмови (ВИДЕО)
Сите мои филмови добија помалку пари од македонската влада отколку синовите на македонски режисери, на шефови на полицијата, на поранешни портпароли на владата… вели режисерот Милчо Манчевски, кој во своето видео обраќање се осврна на состојбите во македонското општество, одговорајќи на поканата да присуствува на меѓународната конференција Скопски економски и финансиски форум на Министерството за финансии на Македонија.
Огорчен од состојбите во Македонија, Манчевски во своето видео обраќање го пренесува своето патешествие да дојде до некаква поддршка од македонската држава за неговите филмови кои постигнаа огромен меѓународен успех.
Тој неговото видео обраќање го наслови како „Непотизам и економија“, а зборува за неговите патешествиа како да добие финансии за неговите филмови „Пред дождот“ (7% учество од македонскиот филмски фонд) и „Прашина“ (5%). Тоа се многу помалку пари од она што го добиваа синовите на, на пример познат македонски режисер или синот на поранешен шеф на полицијата или синот на поранешен владин портпарол, вели Манчевски во своето видео обраќање.
Видеото е снимено специјално за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“.