Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани
„Добар ден и од мене.
Јас не би имал што да додадам во делот на инвестициите во Охрид од повеќе од тоа што го слушнавме од градоначалникот.
Гледаме дека се работи се инвестира, Охрид се развива и Охрид полека но сигурно го добива она заслужено место коешто како град му припаѓа.
Мислам дека со пуштањето на автопатската делница којашто ќе ги поврзе Кичево и Охрид ако биде се како што треба првиот квартал од следната година и оваа година есента очекувам да биде пуштена делницата од Извор до Врбјани, така што ќе се зголеми делницата којашто ја користат граѓаните како автопатска за уште дополнителни километри.
Очекувам на тој начин да се намали растојанието и патувањето од неколку градови во Македонија до Охрид и на тој начин уште повеќе туристи да го посетуваат Охрид, за тоа му честитам на градоначалникот за тоа што го правел изминативе години и за тоа што го прави сега и за тоа што слушнавме дека ќе го прави навистина импозантно и импресивно.
Би сакал да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот во Општина Охрид, би сакал исто така и на администрацијата бидејќи без квалитетна администрација вие не можете да подготвите проект ниту успешно да ја работите работата којашто ја работите, на пратениците коишто доаѓаат од Охрид коишто секогаш се борат за проект повеќе за да Охрид добие Охрид повеќе, на колегите од владата тука е потпретседателот и министер за транспорт, министерката за образование којшто исто така голем дел од својот фокус посветуваат на Охрид и на овој дел да може да се развива онака како што го заслужува.
Благодарност и до директорката и до персоналот во гимназијата бидејќи овој објект континуирано се реновира, се инвестира во него, така што ова е тоа што го очекуваат граѓаните од луѓето на коишто им ја дале довербата да ја водат и ние како Влада, локалната самоуправа, градоначалникот со својот тим овде ќе продолжиме и понатаму да својот фокус го ставиме во Охрид и испорачуваме проекти коишто ќе додадат вредност во квалитетот на животот на охриѓани и на граѓаните во Македонија.
Така што уште еднаш честитки за сите и вака да продолжиме во годините коишто следат.“



