Убедил дете да му ја украде картичката на дедото — потрошиле 2.500 евра
Пехчевец, на 21-годишна возраст наговорил дете да украде банкарска картичка од својот дедо, по што во неколку наврати подигале пари од неговата сметка.
Осомничениот, со иницијали И.В., доби кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари“, се додава во соопштението.



