Денеска сончево време со умерен ветер, за викендов драстична промена
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.



