Изби пожар над Белица, Македонски Брод, полетуваат и ер тракторите
Пред неколку часа изби пожар над селото Белица, Општина Македонски Брод на границата на ловиштето Јасен, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Кон пожарот веќе се упатени екипи на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен. Во секој момент се очекува да полетаат два ер трактори на ДЗС.
Гори и борова шума на територијата на Општина Штип. Од ДЗС информираат и за тежок пожар помеѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер станицата. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку доброволни противпожарни друштва.



