Свет

(ВИДЕО) На езеро во Германија снимен е џиновски воден вртлог

Над Боденското Езеро, на тромеѓето меѓу Германија, Австрија и Швајцарија, денеска се формирал голем воден вртлог кој бил видлив околу 15 минути, соопшти Германската метеоролошка служба.


Метеорологот Кај-Уве Нердинг изјавил дека брзината на ветерот е тешко прецизно да се процени, но се претпоставува дека изнесувала меѓу 100 и 150 километри на час. Висината и пречникот на вртлогот не можеле сигурно да се утврдат.

Откако поминал над езерото, водениот вртлог се движел кон градот Линдау, во германската сојузна покраина Баварија, на североисточниот брег на Боденското Езеро.

Според достапните информации, не е регистрирана никаква материјална штета, а полицијата соопштила дека немало пријави за вонредни ситуации на езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons