Спорт

Лина Ѓорческа го заврши настапот на Вимблдон, но испиша историја

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот историски настап на Вимблдон, откако во првото коло беше поразена од фаворизираната Американка Аманда Анисимова со 2:0 во сетови (6:3, 6:2).

Ѓорческа и покрај поразот, го оствари најголемиот успех во својата кариера, станувајќи првата македонска тенисерка што настапила во главната фаза на еден Гренд слем-турнир, и тоа на престижниот Вимблдон.

Во првиот сет, по израмнетиот почеток, Американката го направи првиот брејк и поведе со 4:1, создавајќи предност што ја задржа до крајот за конечни 6:3.

Ѓорческа добро го отвори и вториот сет, но при резултат 2:1 за Анисимова направи двојна сервис-грешка, што Американката го искористи за нов брејк. Потоа, Анисимова ја зголеми предноста на 4:1 и рутински го приведе мечот кон крајот, освојувајќи го сетот со 6:2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons