Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни – бројките на загинати и повредени континуирано растат
Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни, но со помал интензитет. Бројката на загинати се искачи на 235, а регистрирани се 4.300 повредени.
Втор ден по големиот потрес каков што Венецуела не памети во последниот век, сликата е траорна. Двата последователни земјотреси направија пустош, урнати се згради, дефекти на електричните мрежи, паднаа и комуникациските мрежи. Спасувачките екипи деноноќно трагаат по преживеани. Голем дел од жителите останаа без својот дом.
Жителите на најпогодените места како Ла Гваира се уште се на улица, стравувајќи од нови потреси. На снимка е фатен моментот кога стигнаа првите хеликоптери со спасувачките екипи, дури 20 часови по несреќата.
„Сите истрчаа надвор бидејќи бевме исплашени. Семејствата и соседите се собрани тука, а некои се на паркингот зад кулата. Таму има голем паркинг. Сите остануваат на отворено, плашејќи се дека може да се случи нешто повеќе“, изјави Мариорлин Мендез, локална жителка.
„Бегството беше вистинска борба бидејќи вратата беше заглавена. Воопшто не можевме да ја отвориме. Моравме со голи раце насилно да ја отвориме пред конечно да побегнеме и да истрчаме по скалите. Како што можете да видите сега, таа област претрпе сериозни оштетувања. Ѕидовите се урнаа. Всушност, едвај се извлековме во тој момент“, рече Линарес локална жителка.
Спасувачки акции се одвиваат на повеќе места ширум Венецуела, се обидуваат да ги извлечат луѓето кои се уште се наоѓаат заробени под урнатините.
Утрово на аеродромот во Валенсија слета авион на Чиле. Пристигна тим од специјализиран персонал за потрага и спасување заедно со нивната опрема за да ги поддржи спасувачките напори во земјата погодена од земјотресот.
Лекови и залихи испраќаат и останатите латиноамериканските држави. Помош и тимови на Црвениот крст испратила и Кина.
„Кинеската влада и Друштвото на Црвениот крст на Кина ќе обезбедат итна хуманитарна помош за Венецуела, а Кина е подготвена да понуди дополнителна поддршка во зависност од развојот на ситуацијата, изјави кинескиот министер за надворешни работи.
Болниците Венецуела се преоптоварени бидејќи бранови повредени жртви постојано пристигнуваат, додека итно се носат итни резерви, како што е вода за пиење.



