МакедонијаНајново

Пишува едно, во саламата ставено друго- АХВ откри отстапувања кај месните производи

Анализите покажале отстапувања во процентот на вода, протеини и масти, како и неправилности во информациите што задолжително треба да бидат наведени на декларацијата согласно Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната.

По анализите на млечните производи, контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се проширија и во месната индустрија. Првичните резултати покажуваат отстапувања во квалитетот и декларирањето на дел од производите. Директорот на АХВ Оливер Миланов за „Слободен печат“ вели дека лабораториските испитувања откриле разлики меѓу декларираниот и реалниот состав кај повеќе примероци, а институцијата најавува дека по завршувањето на постапките јавноста ќе биде детално информирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons