ПРОНАЈДЕН ВОЗАЧОТ КОЈ ПРЕГАЗИ ТРИ ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ И ИЗБЕГА – детето е хоспитализирано на Комплексот клиники во Скопје
Пронајдено е лицето кое вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега од местото на несреќата, објави Министерсвото за внатрешни работи.
Од МВР соопштуваат дека пронајденот е возилото, а податоците откриваат дека возач е млад жител на Добрино, кој имал само 19 години.
– Во врска со сообраќајната несреќа случена на 19.06.2026 година околу 19.00 часот во с. Визбегово, скопско, во која патничко возило удрило во детски велосипед управуван од тригодишно девојче од Скопје кое се здоби со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза” по што возачот го напуштил местото на настанот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот.
Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино.
Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – појаснуваат од МВР.



