Спорт

РФМ му се заблагодари на Кире Лазаров за големиот придонес за македонскиот ракомет 

Кире Лазаров синоќа објави дека ја завршува играчката кариера, но останува во ракометот како селектор, а можеби и тренер на некој клуб. 

Легендарниот Кире Лазаров веќе нема да игра ракомет, синоќа соопшти крај на играчката кариера. РФМ денеска преку социјалните мрежи му се заблагодари.

 „Ти благодариме за севкупниот голем придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера“, напиша РФМ.

 Кире Лазаров ќе остане селектор на Македонија, а голема е веројатноста да биде тренер и на некој клуб.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons