Свет

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека во „завршна фаза“ е постигнувањето на договор со Иран за завршување на војната во Персиски Залив.

– Во завршна фаза сме од она што ќе биде многу, многу добар договор, објави утрово Трамп социјалните мрежи.

Тој додаде дека договорот би можел да се постигне во рок од два до три дена.

Трамп го потврди падот на американскиот хеликоптер во близина на Ормуска Теснина, наведувајќи дека пилотите се добро.

„Њујорк тајмс“ доцна синоќа објави дека американскиот хеликоптер „Апачи“ се урнал во близина на Ормуска Теснина под необјаснети околности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons