Мартин Томовски во тимот на сезоната во Германија
Мартин Томовски доби големо признание по одличната сезона во Германија, откако беше избран во тимот на сезоната во Втората Бундеслига.
Македонскиот репрезентативен голман беше еден од најзаслужните за успешната сезона на Битигхајм, кој го освои второто место на табелата и обезбеди враќање во елитната Бундеслига.
Томовски во текот на сезоната настапи на 31 натпревар и запиша вкупно 273 одбрани. Македонецот сезоната ја заврши со 31% успешност на одбранети удари, бројки кои му донесоа место меѓу најдобрите ракометари во лигата.
Ова признание е уште една потврда за одличната форма на Томовски, кој веќе подолго време е еден од најважните играчи на македонската репрезентација.




