Манасиевски: Филипче ја прифаќа бугарската рамка, прво уставни измени, потоа отворање на идентитетските прашања
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот.
Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи дека само така ќе дојде на власт.
Филипче како специјален бугарски пратеник на Румен Радев, ги синхронизира неговите ставови со Бугарија и ја претставува Македонија како проблем, а бугарските барања како европски услов.
Истата реторика ја слушаме и од Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, кој е персона нон грата во Македонија, а неговата организација во Македонија дејствува со пораки насочени против македонскиот идентитет, со негирање на македонската посебност и со обиди македонската историја да се прикаже како бугарска.
Венко Филипче е на иста линија и со бугарската министерка на Радев, Петрова Чамова. И двајцата повторуваат дека Македонија преговара со Европската Унија, а не со Бугарија. Но, вистината е јасна, а таа е дека токму Бугарија, водена од свои историски и политички интереси, ја блокира и ветоизира Република Македонија на патот кон ЕУ.
За таа цел, бугарските власти со години ги бараат и ги користат слабите точки во македонската политика. Прво тоа беа Зоран Заев и Димитар Ковачевски, а денес таа улога ја презема Венко Филипче. Наместо да ги бранат македонските позиции, тие прифаќаат туѓи диктати на штета на сопствената, македонската држава.
Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи обезличување на македонскиот идентитет. Историските личности кои твореле, кои го описменувале регионот и се бореле за создавање македонска држава не смеат да бидат предмет на политички пазар.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=pA2sE37ASHg
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



