Македонија најнапредна во реформската агенда – ЕК ни префрли 65,7 милиони евра
Македонија најнапредна во реформската агенда – ЕК ни префрли 65,7 милиони евра Европската комисија денеска стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, односно преку Инструментот за реформи и раст.
Исплатата следува по третото барање за плаќање и позитивната оценка на Комисијата за спроведувањето на дел од реформските обврски од реформската агенда. Покрај Македонија, средства добиваат и Албанија — 49 милиони евра, и Црна Гора — 44,2 милиони евра.
Вкупната сума за трите земји изнесува 158,9 милиони евра, а Македонија го зема најголемиот дел Планот за раст е финансиски механизам на ЕУ со кој земјите од Западен Балкан добиваат средства во замена за исполнување реформи, со цел побрза економска конвергенција и приближување до Унијата.



