Актуелно

Комисија за заразни болести: Низок ризик од појава и ширење хантавирус во државата

Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер на хантавирус – варијанта андес во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата – соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус.

– Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – варијанта андес, односно има соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка – се наведува во соопштението.

Комисијата додава дека варијантата андес, за разлика од другите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но важно е, се нагласиува, дека преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции – стои во соопштението од Министерството. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons