Спорт

Роберт Левандовски е блиску до заминување од Барселона на крајот од сезоната

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски (37) ја напушта Барселона, објавија светските медиуми и полскиот „WP Sportowe Fakty“. Искусниот напаѓач доби понуда што не може да се одбие и е на работ да потпише за саудискиот клуб Ал Хилал.

На Левандовски му е понудена плата од 90 милиони евра по сезона. Ова би бил убедливо најпрофитабилниот договор во неговата богата кариера, а воедно и спас за Барселона, која се бори со финансиски проблеми.

Доколку трансферот се реализира, ќе биде во тимот предводен од поранешниот тренер на Интер, Симоне Инѕаги, а во составот има доста познати играчи како Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали, како и новите засилувања Тео Ернандез и Дарвин Нуњез, додека медиумите известуваат дека негов партнер во нападот ќе биде никој друг освен Карим Бензема, кој исто така е поврзан со овој проект.

Иако Јувентус, Милан и американскиот Чикаго Фаер беа заинтересирани за Левандовски, се чини дека понудата на Саудијците беа одлучувачки фактор. Полјакот постигна над 700 голови во својата кариера, освои сè што може да се освои со Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, а двапати беше прогласен за најдобар фудбалер во светот од ФИФА во 2020 и 2021 година.

Преминот во Ал Хилал би значел дефинитивен крај на една од најдоминантните ери во историјата на европскиот фудбал, но и потврда дека Саудиската професионална лига нема намера да престане да ги доведува најголемите имиња во светскиот спорт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons