Уживајте уште денес во топлото и сончево време, од утре следи драстична промена – на некои места и снег!
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 19 до 25 степени Целзиусови.
Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Попладне поради продор на постуден воздух од север на планините ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Ветерот во некои делови од истокот повремено ќе достигнува над 60 km/h.



