Лазаровска во Белград стана балкански вицешампион во кендо — борење со бамбусови мечеви
Македонката Ивона Лазаровска од Тетово викендов имаше успешен настап на Балканското кендо првенство во Белград од каде што се врати со сребрен медал, објави порталот „Тетово Инфо“.
Ивона е членка на клубот Јошин од Скопје, а тој еден од само двата кај нас, вториот е со седиште во Охрид.
Инаку, кендо е самурајска боречка вештина во која се користат бамбусови мечеви кои се имитација на катана, а натпреварувачите исто така се заштитени и со клоп кој се нарекува богу. Овој спорт најмногу е проширен во Азија, меѓутоа во последните две децении доживува и експанзија низ Европа.
Следен предизвик за Ивона ќе биде Европското првенство кое во јуни ќе се одржува во Црна Гора.




