Спектаклот е закажан: УФЦ го објави датумот за настанот во Белград
По долг период на најави и шпекулации, пристигна и официјалната потврда, УФЦ дефинитивно ќе одржи настан во Белград.
Најголемата светска ММА организација својот спектакл го закажа за на 1 август во Белградска арена, а веста беше објавена и на нивните официјални канали со пораката:
„Србија, доаѓаме! Октагонот за првпат слетува во Белград на 1 август!“.
Со овој настан, УФЦ се враќа во регионот по речиси една деценија, откако последен пат организираше борби во Загреб во 2016 година. Доаѓањето го потврди и првиот човек на организацијата, Дејна Вајт, кој порача:
„Отсекогаш сакав да го донесам УФЦ во секој дел од светот, а Србија е нашата следна станица. Ќе приредиме борби од врвна класа! Се гледаме таму“.
Во овој момент, сè уште не се објавени имињата на борците кои ќе настапат на настанот.



