Актуелно

Проблемот на транспортерите ќе се решава со долгорочни визи

Преговорите со ЕУ одат добро, воведувањето на електронскиот систем за влез и излез во Шенген-зоната за транспортерите е одложен до крајот на септември, а проблемот дотогаш ќе се реши со долгорочни визи за работа во различни европски земји, вели вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Камионџиите од Западниот Балкан на почетокот на годинава протестираа со блокада на границите затоа што може да возат низ Шенген зоната најмногу 90 во 180 дена, како и сите останати граѓани од регионот. Сметаат дека тоа е премалку за исплатлив бизнис.

Повод за протестот беше новиот систем за влез и излез кој требаше да стапи во сила на 10 април.

Проблемот го усложни влегувањето на Хрватска, Романија и Бугарија во Шенген-зоната, па сега многу брзо ги надминуваат дозволените денови, а со електронскиот систем веднаш ќе се регистрира и најмалото пречекорување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons