Актуелно

Постапка за 31 лице за детска порнографија, меѓу нив и наставник од Битола

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишно лице, осомничено за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинителството, осомничениот, кој бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април 2026 година, на компјутерска опрема што ја користел во својот дом, набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.


„Постапката е резултат на предистражни дејствија на јавното обвинителство во координација со СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика Скопје кои произлегоа по известување од австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца.

Австралиските служби спроведоа операција за откривање на корисниците на ИП адреси кои се обиделе да пристапат до една или повеќе од веб-страниците, при што биле идентификувани повеќе уникатни регистрирани корисници, нивните електронски и ІР адреси од кои дел во Р.С. Македонија, за што е испратено известување и до македонските истражни органи. Се преземаат дејствија на проверки и во Скопје и други градови, со цел детална проверка на сите добиени сознанија“, велат од Обвинителството.

За осомничениот битолчанец до Основниот суд во Битола доставен е предлог за определување мерка притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons