РКЕ одлучи: Дизелот поскапува, бензините остануваат со иста цена
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува 2 денари за литар, а на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 107 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 109 додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 99,5 денари.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така останува, односно ќе се продава за 95,5 денари за литар.
Исто така, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 54,6 денари.