Најголемите фаворити за освојување на Мундијалот – европските шампиони се на врвот
По одигрувањето на вчерашните бараж-натпревари, комплетирана е листата на репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство 2026, кое ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Овој Мундијал ќе влезе во историјата како прв со проширен формат, 48 селекции ќе бидат поделени во 12 групи од по четири тима.
Иако почетокот на турнирот е сè уште релативно далеку, обложувалниците веќе ги дадоа првичните проценки за фаворитите. Најголеми шанси за освојување на титулата му се даваат на актуелниот европски шампион Шпанија, со коефициент 5,5 за триумф.
Веднаш зад неа, без преголемо изненадување, се позиционира Англија, чиј евентуален успех носи коефициент 6,5. Во кругот на најсериозни кандидати се и јужноамериканските велесили Аргентина и Бразил, како и Франција, за сите три селекции е поставен ист коефициент од 8,50 за освојување на светската титула.



