27-годишникот од Росоман кој ја уби мајка си доби 30-дневен притвор
Судија на претходна постапка одреди 30-дневен притвор за 27-годишник од Росоман, осомничен дека ја убил сопствената мајка во семејниот дом. Мерката е донесена по предлог на Обвинителството, кое отвори истражна постапка за кривично дело убиство.
Од Основното јавно обвинителство Кавадарци информираат дека станува збор за дело сторено со умисла, при вршење семејно насилство. Според првичните сознанија, осомничениот ја нападнал мајка си додека спиела во една од собите, при што ѝ нанел смртоносни повреди со кујнски нож во пределот на вратот.
По извршениот увид и прибраните докази, јавниот обвинител поднел предлог за определување мерка притвор, кој судот го прифатил.
Надлежните институции продолжуваат со истражните дејствија за целосно расчистување на случајот.



