Спорт

Приказна за најпознатиот балкон во Европа: Ми понудија два тона пелети и еден тон компири

Босна и Херцеговина и Италија, во Зеница, од 20.45 часот ќе го одиграат клучниот меч за пласман на Светското првенство.

Влогот за двете репрезентации е оргомен, двете репрезентации последен пат играа на Светското првенство во Бразил во 2014 година, а едната од нив ќе го пропушти третото најголемо натпреварување по ред.

И додека Босна и Херцеговина ретко има вакви можности, „азурите“ се надеваат дека нема повторно да испаднат и по трет пат по ред да пропуштат едно големо натпреварување. 

Италијанските новинари ја преплавија Зеница, а најинтересни за нив беа две теми: стадионот „Билино Поље“, каде што се игра клучниот натпревар, и балконот со поглед на стадионот, кој стана вирален благодарение на објавата на неговиот сопственик.

Дино Мујановиќ го нагости новинарот на „Газета дело спорт“ во својот стан и на веќе познатата тераса, а „Газета дело Спорт“ објави интервју со него под наслов „Ми понудија автомобили, пари и… компири за да го гледам од балконот натпреварот Босна-Италија“.

„На раскрсницата Фра Иван Фрањо Јукиќ во Зеница, помеѓу стадионот Билино Поље и реката Босна, има огромна дваесеткатна зграда. Изградена е на почетокот на 1970-тите, спроти историскиот стадион на кој се играат натпревари на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, клубот Челика, па дури и рагби тимот. Во него живеат стотици семејства, а балконите гледаат кон теренот. Дино Мујановиќ отсекогаш живеел во еден од тие станови. Во дневната соба има огромна сива софа и телевизор“, пишува „Газета“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons