Актуелно

Ново убиство во Македонија: Уапсен син кој се сомничи дека насилно го убил татко си

Гостиварец е уапсен по полноќ, се сомничи дека го убил татко си. 

– На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син, информираа од полицијата. 

Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби, соопштија од МВР. 

Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons