Над 60.000 лица во земјава немаат ниту основно образование
62 129 лица или 4.1 отсто од вкупното население во земјава се со незавршено основно образование, покажуваат податоците од Пописот спроведен минатата година.
Над 95 проценти од резидентно население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18 897 се неписмени.
-Голем број од популацијата има завршено само основно образование, но треба да се има предвид дека според движењето на населението, во земјата се останати повозрасни луѓе кои се школувале во време кога средното образование не било задолжително како што е сега, вели Симовски и додава дека ние имаме проблем со недостиг на млада популација, вели директорот на Државниот Завод за статистика Апостол Симовски, во гостување на Слободна ТВ.
Од вкупно резидентно население на возраст од над 15 години, 1 461 295 се писмени – од кои 721 734 се мажи и 739 561 се жени.
Неписмени се 18 897 од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени.