Свет

Алармантно во Хрватска: Бурата фрла контејнери во море, има повредени, вклучен црвен метеоаларм

Силно невреме проследено со оркански ветрови и снег ја парализираше Хрватска. Најкритично е во Риека, каде силните налети на бурата буквално оддуваа огромен бродски контејнер во морето. Драмата во пристаништето дополнително се заостри откако две лица беа повредени во близина на центарот во Пеќине и итно пренесени во болница.

Властите го активираа системот за предупредување SRUUK, испраќајќи пораки на мобилните телефони на граѓаните за „значително опасно време“. За регионите на Истра, Кварнер и Госпиќ е на сила највисокиот, црвен степен на предупредување.

„Најавеното влошување на времето создаде сериозни тешкотии во сообраќајот – и на море и на копно. Властите апелираат граѓаните да избегнуваат патувања доколку не е неопходно“, пренесуваат хрватските медиуми.е

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons