ФОТО: Најдобрите македонски фудбалери тренираа на „Хувефарма арената“ во Разград
Најдобрата македонска А репрезентација во првиот натпревар од УЕФА Лигата на нации, поточно во Лигата „Ц“ в четврток од 18.00 часот во Разград ќе игра против Бугарија.
Бугарите се можеби нашите најголеми конкуренти за првото место кое води во плеј-офот за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Иако треба да се почитуваат и останатите две селекции во нашата група „Ц4“, Грузија и Гибралтар кои исто така ќе ја бараат својата шанса.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски го одржаа тренингот на „Хуверфарма арената“ во Разград, во продолжение на видео запис ТУКА можете да погледнете дел од тренингот.
Македонија и Бугарија никогаш не се сретнале во официјален натпревар, сите досегашни меѓусебни средби биле пријателски:
12 април 1995 година Македонија – Бугарија 0:0
28 мај 1996 година Бугарија – Македонија 3:0
25 март 1998 година Македонија – Бугарија 1:0
15 август 2001 година Бугарија – Македонија 1:0
1 март 2006 година Македонија – Бугарија 0:1
14 август 2013 година Македонија – Бугарија 2:0
29 март 2016 година Македонија – Бугарија 0:2