Актуелно

21-годишник смртно прегази пешак во Марино доцна синоќа

Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило удри пешак, кој почина на местото, информираа од МВР. 

– На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од село Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons