МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: 0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС

Политичкиот театар на СДС и ССМ заврши во еден чин. 

Фијаското на протестот викендов, покажа дека вистинските работници не се дел од ССМ, таму се луѓе кои СДС ги облече во синдикални, а некои и во партиски маички.

Дистанцирањето од вистинските предизвици со кои се соочуваат работниците, на Трендафилов и ССМ добро им прилега и затоа шуруваат со СДС. 

Трендафилов и ССМ бараат се што СДС ќе им напише на ливче. Затоа молчеа и не ги поздравија колективните договори на Владата со други синдикати со кои се зголемија платите на работниците во јавниот сектор. 

0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС.

Се додека Трендафилов одработува за СДС, работникот ќе си оди од ССМ.

Линк од видео материјал: 
https://www.youtube.com/watch?v=gxDdxbPc9pE

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons