Спорт

Лазаров: Резултатот не е во прв план, но сакаме да ја победиме Австрија

Македонската ракометна репрезентација денеска имаше собир пред ЕХФ неделата во која Македонија ќе одигра пријателски натпревар на гостински терен кај Австрија.

Натпреварот се игра на 21 март од 18 часот во Брегенц. Селекторот Кире Лазаров вели дека тоа ќе биде добра можност за да се пробаат нови работи.

„Ниe пред се треба да бидеме задоволни затоа што со настапот на Европското првенство го избегнавме првиот бараж, така ќе имаме шанса порекалсирано да пробаме нешто и некои нови играчи кои во иднина би можеле да придонесат. Австрија е квалитетен противник, секако дека нема да одиме да изгубиме, сакаме да победиме, но резултатот нема да е во прв план, ќе пробаме работи што можеби би ги користеле во баражот“, вели селекторот Лазаров.

Во баражот Македонија ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Украина и Словачка.

„Го чекаме тој двобој да видиме како ќе заврши за да можеме квалитетно да се подготвиме. Кога е репрезентацијата во прашање во секој момент треба да се искористи да се даде шанса на некој нов играч да видиме дали би можеле да го користиме на големи натпреварувања со силни противници. Избравме силен тим на гостински терен затоа што првиот натпревар го играме на гости и тоа ќе биде една добра и ментална подготвка. Австрија правеше проблеми и на многу посилни репрезентации од нас како на Европското првенство, така и на минатиот Мундијал“, истакна Лазаров.

За Лазаров не е премногу важно кој ќе биде нашиот противник, а очекува неизвесна битка помеѓу нашите потенцијални противници.

„Од материјалите што гимаме на хартија Украина е фаворит, но до последен момент мислам дека нема да го знаеме противникот, двете репрезентации играат различен ракомет. Наше е да се подготвиме, нема да биде лесно, ќе бидеме во улога на фаворити, не сме навикнати да имаме една таква улога. Најважно е да посакаме да бидеме здрави, има многу време и многу натпревари за ракометарите во клубовите, па затоа сакаме пред се сакам сите да сме здрави“, заврши селекторот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons