МакедонијаНајново

Вчера уапсени четворица возачи: Возеле без возачка дозвола, со забрана за возење и нерегистрирано возило

Вчера биле лишени од слобода четворица возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и поради управување нерегистрирано возило.

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четворица возачи, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола.

По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без воачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во Македонски Брод управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило.

Од МВР додаваат дека лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, апелираа од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons