Договорен е боксерски спектакл: Тајсон против Мејведер
На 25 април во Конго во рингот ќе се појават легендарните Мајк Тајсон и Флојд Мејведер, спектаклот кој беше со месеци најавуван сега доби и конкретен датум.
Тајсон е легенда во тешка категорија, а Мејведер беше шампион во супер-велтер категорија. Тајсон има 59 години, Мејведер 48. Но, сите овие разлики се премостуваат кога парите се во прашање.
Ова е уште еден од оние боксерски мечеви во кои не се очекува врвна борба, забавата е загарантирана, како и огромните заработки на двајцата пензионери.



