МакедонијаНајново

Вчера полицијата уапсила 10 возачи – пола од нив возеле без возачка, а имало и со забрана за возење и пијан

Вчера лишени од слобода 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило, под дејство на алкохол и со поголема брзина од дозволената.

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола.

Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила.

По еден возач во Скопје, Чашка и прилепско управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила.

Еден возач во Кочани управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во радовишко управувал возило со брзина поголема од дозволената.

Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, апелираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons