Органите на УПОЗ прифатија – раст на платите по 8% за три години
Синдикалните организации на УПОЗ одлучија да ја прифатат понудата на Владата со која платите на околу 7.800 вработени во државната управа и правосудството ќе се зголемуваат по 8 проценти во наредните три години, плус линеарно ќе се усогласуваат со растот на минималната плата.
-Од досега пристигнати изјаснувања, 95% од синдикалните организации се изјаснија дека барањата на Синдикатот на УПОЗ кое е прифатено од страната на Владата за зголемување на платите е поповолно и прифатливо, рекоа од УПОЗ.
Според математиката на премиерот, ако во наредните три години, на платата на административните службеници се додаваат по 1.500 денари од растот на минималецот и секоја година овој збир се зголемува за 8 проценти, a ако сега платата е 35.000 денари, за три години би била околу 50 илјади денари или повисока за околу 40 проценти.
Синдикалците треба да добијат поединечни конечни договори кои ќе треба да се потпишат. Административните службеници повисоки плати ќе добијат од март со платата која ќе им биде исплатена во април.
-Во времето кога се крадеше буџетот и кога се крадеа на граѓаните имаше можност, како член на Владата да даде вакви предлози и доколку го прифатеше тогаш Владата можеше многу лесно ова да се операционализира. Но за жал таа шанса тие не ја искористија, односно ја изгубија, изјави претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.



