Спорт

Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Порто

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со 2-0 во сетови ја совлада Германката Настасја Шунк и се пласираше меѓу осумте најдобри во Порто.

Ѓорческа одлично влезе во мечот, го доби првиот сет со убедливи 6-2. Германката пружи сериозен отпор во вториот сет кој Лина го доби по тајбрејк во кој беше подобра со 8-6.

Утре во четвртфиналето ќе игра со првата носителка Деспина Папамихаил од Грција, која со 2-0 во сетови ја совлада Американката Рашида Мек Аду.

Папамихаил е 159. место на ВТА листата, односно за 45 позиции подобро пласирана од Ѓорческа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons