Михајлов презеде клуб од Литванија
Македонскиот фудбалски тренер Горазд Михајлов кариерата ќе ја продолжи во нов шампионат.
Стратегот кој последно работеше во Беса ја презема екипата на Ритераи од Литванија.
За Михајлов ова е нов странски предизвик, откако претходно работеше во Ал Кадсија, Ал Дарфа, Рудар и Хата.
Освен тоа, во домашниот фудбал Михајлов беше тренер на Локомотива, Охрид, Пелистер, Тетекс, Напредок, Борец, Силекс, Вардар, Брера и последно Беса.



