МагазинНајново

Овие два дена променливо време со слаби локални дождови и снегови

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес и утре (Понеделник и Вторник 2/3 февруари) во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено денес ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките населени места  и на планините. Особено во западните предели денес ќе дува западен ветер со слаб до умерен интензитет и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено утре вторник 3 февруари ќе засилува ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат околу и за неколку степени под нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 денес  а утре тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени. Во Скопје  и околината денес температурата ќе се искачи до околу 6 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 10 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons