Верижна сообраќајка на влезот во Скопје, сообраќајот отежнат поради магла
Попладнево се случи верижна сообраќајна несреќа во која учествувале неколку автомобили, на влезот во Скопје, веднаш по наплатната рампа кај Петровец.
Според информации споделени од граѓани на социјалните мрежи, густата магла значително ја намалува видливоста и дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот. Возачите апелираат на зголемена внимателност и прилагодување на брзината на условите на патот.
Полициски екипи се на терен и во моментов вршат увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали за причините и евентуалните последици од сообраќајката.



