Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче, за заштита на сопствените криминални интереси ја држат СДС во заложништво
Почитувани,
Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат СДС во заложништво поради нивните криминални бизниси и интереси.
Јужноамериканските криминалци Пабло Ескобар и Густаво Гавириа, кај нас пресликани во Зоран Заев и Венко Филипче, ја држат во заложништво партијата која некогаш важеше за партија со кредибилитет и визија.
Поради нивните бизнис интереси, ја уништија партијата, а чесните кадри во СДС не можат да дојдат до израз. Но, до израз можат да дојдат луѓе како Александар Трајановски, луѓе како Оливер Спасовски, Никола Спасов, мали Фрчко и Жерновски.
Лојални на Заев и Филипче се истите оние луѓе кои ја испокрадоа и продадоа државата. Ете на ова се сведе СДС.
Како може СДС да се реформира, кога се уште се поистоветуваат со аболициран криминалец и доктор кој наместо да спасува животи, тој сакаше да заработи на нивното здравје? Како СДС да се реформира, кога врвот на партијата им е вмешан во криминал? Како СДС да се реформира кога едните исти луѓе скоро 15 години ја узурпираа партијата и ја спаднаа на 120 илјади гласови?
Реформите во СДС треба да дојдат со оставка на Филипче, оградување и дистанцирање од Зоран Заев и воведување на нов кадар во партијата.
Ви благодарам.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



