МакедонијаХроника

Први снимки од тешката сообраќајна несреќа вечерва во Македонија – се слушаат сирени од сите страни

Во несреќата учествувале две патнички возила.

Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа која вечерва се случила на патот Гостивар-Тетово, после клучката „Камењање“.

Во несреќата учествувале две патнички возила.

Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека сообраќајката се случила во 20:05 часот.

-Во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ со австриски регистерски ознаки и автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски ознаки. Повредените лица се пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, вели Реџепи.

Сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради полицискиот увид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons