МакедонијаНајново

Масовно апсење: МВР ги чисти нелегалните казина – голем број приведени

Во доцните часови синоќа, полицијата спроведе акција во Скопје при што беа извршени претреси на повеќе локации. За време на претресите, биле пронајдени поголеми парични средства, како и опрема за коцкање, меѓу која маси за покер, чипови и карти.

Дополнително, полициските екипи пронашле и прашкаста и растителна материја, за која постои сомнение дека е наркотична дрога.

Во рамки на акцијата, лишена од слобода е поголема група лица. По целосно документирање на случајот, осомничените ќе бидат изведени пред надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат повеќе детали по завршување на истрагат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons